• Fri. Nov 22nd, 2024

Поцков повикува на одговорно славење на празниците

Поцков повикува на одговорно славење на празниците. Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, по подобрувањето на епидемиолошката состојба во општината и олабувањето на рестриктивните мерки, апелираше до своите сограѓани и понатаму да се однесуваат дисциплинирано и одговорно.

            – Рапидно зголемениот број на  новозаразени и починати лица од КОВИД-19 во општина Гевгелија, за време на третиот бран од пандемијата, се најдобро предупредување дека не треба да се опуштаме, особено во пресрет на велигденските и првомајските празници. Напротив, и натаму треба да продолжиме со доследно почитување на заштитните мерки од КОВИД-19, како и последните олеснителни мерки на Владата на Република Северна Македонија. Тоа е посебно важно за општина Гевгелија, бидејќи од 15 мај постојат реални шанси за отворање на грчката граница кон нашата земја, а тоа значи обновување на граничниот промети и повторно враќање на грчките патници, рече Поцков, нагласувајќи:

            – Тоа е единствен спас за локалната економија и скоро 2000 работници во туристичко-угостителските капацитети, услужните и други објекти, кои поради затворањето на границата останаа без работа. Затоа, сите граѓани на општината треба да се однесуваат и понатаму дисциплинирано и одговорно, особено, за претстојниве празници, да се одбегнуваат групирањата, се носат заштитни маски и се држи дистанца, апелираше Поцков, нагласувајќи дека само со почитување на мерките и спроведување на имунизацијата може да се надеваме на побрзо враќање во нормала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *