75-годишниот П.Г. од Струмица, кој денеска претпладне возејќи го својот велосипед на транзитниот пат, односно по булеварот „Климент Охридски“, беше удрен од патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од 18-годишно момче од Струмица, им подлегнал на повредите, објави Радио Струмица Нет.
Несреќата се случи претладне околу 10 часот на Транзитниот пат. Очевидци сведочат дека автомобилот го удрил велосипедистот со предниот дел од возилото.