На 84-годишна возраст вчера почина академик Радован Павловски, препознатлив по определбата додадена кон неговото име – „принц на метафората“.
Павловски кој беше поет, есеист и патописец, беше редовен член на Македонската академија на науките и уметностите од 2006 година.
Академик Радован Павловски е еден од најафирмираните македонски поети, чија поезија е преведена на околу педесет јазици.
Автор е на дваесетина поетски книги, како и на книги со патеписи и есеи, а ги има добиено сите најзначајни македонски награди за поезија, како и неколку странски награди и признанија.