• Sat. Nov 23rd, 2024

Почина Карлос Марин, баритонот на „Ил диво“

Шпанскиот пејач Карлос Марин, член на квартетот „Ил диво“, почина на 53-годишна возраст во Кралската болница во Манчестер.

Преостанатите членови на вокалната група ја објавија веста за смртта на нивниот пријател на својата веб-страница во неделата вечерта.

Марин бил примен во болница овој месец во текот на новогодишната турнеја во Велика Британија. На пејачот му се слошило на 7 декември и бил ставен во медицинска индуктивна кома. Не е прецизирана болеста, пренесува Би-би-си.

Некои медиуми објавија дека тој починал од коронавирус.

Споделувајќи ја веста за неговата смрт во неделата вечерта на Твитер, „Ил диво“ соопшти: „Со тешко срце ве известуваме дека почина нашиот пријател и партнер Карлос Марин.

„17 години ние четворица бевме заедно на ова неверојатно патување на ‘Ил диво’“, напишаа членовите на групата, Дејвид Милер, Себастиен Изамбард и Урс Билер во спомен на починатиот пејач.

„Никогаш нема да има друг глас и дух како Карлос“, напиша „Ил диво“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *