По кусо боледување денеска почина Горан Гаврилов основач и сопственик на Канал 77 кое годинава одблежува 30 години од постоењето на македонскиот медиумски простор. Гаврилов беше основач и на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија со што беше постојано вклучен во подготовката на сите законски регулативи кои го покруваат медиумското работење.
Во неговиот живот постојано беше борец за правата на медиумските работници, креатор на медиумскиот плурализам, човек кој постојано се обидуваше да најде решенија за приватните електронски медиуми.
Гаврилов беше еден од најдоследните поборници за слободата на изразување и слободата на говорот кои се базични слобода и права на медиумските работници
,, Ние самите моравме да се избориме за слободата на говорот, таа не е секогаш гарантиран и не треба да чекаме да ни ја даде некој друг. Таа борба мора да продолжи до крај. Ние медиумите сакаме да ја пружиме таа слобода и да сме сигурни дека заедно со новинарите и другите меидумски работници ке функционира,, велеше Гаврилов честопати во совите изјави.
Комеморацијата во чест на Гаврилов ќе се одржи утре во големата сала на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во градската капела во Штип од 14 до 15 часот а погребот ќе биде на градските гробишта во Штип