• Fri. Nov 22nd, 2024

Побрз проток на патници на Табановце и нови зелени коридори како дел од Отворен Балкан

Согласно Договорот за примена на заеднички гранични премини – One Stop Shop контроли во делот на проток на стоки и патници со Република Србија на Табановце – Прешево кој беше воспоставен во септември 2019 година, комплетно се завршени дополнителните инфраструктурни активности и реконструкции, и тоа: поставени се нови кабини за работа на граничните полиции и царинските службеници од двете земји, нови рампи и извршено е реновирање на помошни простории за користење од страна на колегите од Србија. Дополнително поставена е и потребната мрежна и телекомуникациска инфраструктура за непречено одвивање на процесот, информираат владините служби.

Со реконструкцијата и новопоставените кабини и рампи, појаснуваат од таму, покрај подобрување на условите за работа, се постигнува и дополнително забрзување. Пред сè при пасошката проверка, бидејќи новата поставеност на кабините е таква (и за патнички и за товарни возила), да овозможува истовремено работење (без празен ‘од) на граничните полициски службеници од двете држави. Што дополнително ќе влијае на забрзување на протокот на патнички и товарни возила, кое е особено важно во летниот период во тек на туристичката сезона.

Дополнително, додаваат дека за сите увозници, извозници, транспортери и други учесници во царинската постапка од трите земји во иницијативата Отворен Балкан, како и за економските оператори иматели на ОЕО одобренија и стоки од Зелените коридори, на граничните премини Табановце и Ќафасан во март 2022, поставени се табли за зелени (приоритетни) ленти. По истиот принцип, вакви табли се поставени и на Прешево и Ќафтане, од страна на Србија и Албанија.

„Во моментот на ГП Табановце функционираат 5 ленти за патнички, 2 за товарни возила и една за автобуси. Царинската управа работи на прилагодување на уште две ленти за влез на патнички моторни возила. Со тоа дополнително ќе се забрза протокот, посебно важно во летниот период и зголемената фреквенција на патници-туристи кои поминуваат преку овој граничен премин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *