• Sat. Nov 23rd, 2024

По руското признавање на Донцек и Луганск скокнаа цените на нафтата

Акциите на светските пазари денеска вртоглаво паднаа, додека цените на средствата кои се сметаат за сигурни и стабилни, како нафтата и златото, зајакнаа, бидејќи источна Европа се наоѓа на работ на војна, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди војска да влезе во регионите Донецк и Луганск во источна Украина.

Најширокиот азиско-пацифички индекс MSCI, без јапонскиот, е на пат да го забележи најлошиот ден во месецот и моментно е во минус од 2,1 отсто, поттикнат од падот на берзите во Хонг Конг и континентална Кина, јави агенцијата „Ројтерс“.

Јапонскиот индекс Nikei потона за 2,5 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *