По пријава од граѓани Комуналец чистеше дива депонија во Добрејци. Во објавата на јавното комунално претпријатие се вели:
„По пријава од совесен граѓанин за правење на нова дива депонија во атарот на населеното место Добрејци, ЈПКД „Комуналец „ го контактираше Јавниот комунален инспектор и заедно беше извршен увид на местото каде е настаната депонијата.
По краток увид сторителот беше пронајден и доби наредба од комуналниот инспектор, местото каде што е фрлен отпадот да се исчисти и врати во првобитната состојба во рок од 3 дена, а исто така му беше поднесена и кривична пријава. За да не доаѓа до такви несакани дејствија апелираме до сите својот градежен и друг вид на отпад да го пријавуваат на 13 110 и истиот ќе биде подигнат од пред нивниот дом, во спротивно секое истурање на одпад на Јавни површини ќе биде казнет и лицата ке добијат кривични пријави. Со голема благодарност до лицето кој го пријави случајот ги охрабруваме и сите други граѓани да пријавуват фрлање на отпад, за сите заедно да придонесеме и кажеме СТОП ЗА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ“.