Цените на храната во светот се на рекордно ниво.
Тие се намалуваат деветти месец по ред во декември, но ако се погледне големата слика го достигнаа своето највисоко ниво за цела година во 2022 година. Податоците на ОН обајвени вчера покажуваат каква е состојбата со цените на храната.
Цените на храната се искачија на месечен рекорд во март, откако Русија ја нападна земјоделската централа Украина, главен снабдувач на пченица и масло за јадење во светот.
Како што објави ФП, руската поморска блокада што го спречи извозот на украинско жито беше укината по договорот во јули со посредство на Турција и Обединетите нации. Зголемени се и цените на оризот. Иако не се очекува храната нагло да поевтини, сепак нема најави и дека цените повторно ќе се покачат. Според експертите следува период на стабилизација иако тој ќе трае подолго одошто сакаме.