• Fri. Nov 22nd, 2024

По четири години забрана спортските обложувалници во Албанија повторно ќе работат

Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата. Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година.

Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско.

Неодамна премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во буџетот што ќе и помогне на економијата во ова време на криза”.

Во предлог-буџетот е предвиден и финансискиот ефект врз основа на кој се проценува дека ќе се соберат 2 милијарди лека( над 17,2 милиони евра).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *