• Fri. Nov 22nd, 2024

По 6 години затвор за Миле Јанакиески, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски

Трајко Вељановски , Спиро Ристевски, Миле Јанкиески и поранешниот директорот на УБК, Владимир Атанасовски судот ги прогласи за виновни за организирање на упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та година.

Вељановски е осуден на казна затвор од 6 години и 6 месеци. Ристовски е осуден на 6 години и 3 месеци, Јанакиески доби казна од 6 години и 3 месеци, а Атанасовски од 6 години. Во времетраењето на казната затвор се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор.

Во овој случај се обвинети и Никола Груевски и Никола Бошкоски. Тие не се достапни за судот.

Во пресудата се наведува дека обвинетите имале план да се спречи мирно предавање на власта, а поттикнати од екс премиерот Никола Груевски преку ТВ „граѓаните да не седат по папучи дома“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *