• Fri. Nov 22nd, 2024

По 21 пат „Средби под јаворите-Видое Подгорец“

По 21 пат во Струмица се отвори Литературната манифестација за деца Средби по јаворите-Видое Подгорец. Настанот го организира истоименото здружение чија цел е преку творештвото на Подгорец да се афирмира литературата за деца и нејзиното значење во оформувањето на младата личност.

На отворањето се оделија и наградите за најуспешните библиотекари од јавните и училишните библиотеки. Признанијата годинава ги понесоа Елмедина Абдулахи, раководител на библиотеката макс ван дер Штул при универзитетот во Тетово и Маргарита Филиповска, училишен библиотекар во основното училиште Јан Амос Коменски во Скопје.

Во рамки на Манифестацијата се оргнизираат поетски конкурси за деца, конкурси за наставници, се одржува научен симпозиум, литературни читања, креативни работилници и многу други настани. Утре настанит продолжуваат во Колешино, родното село на Подгорец, каде во училиштето ќе се доделат наградите на најуспешните ученици и наставници од литературните конкурси.

Сузана Мицева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *