• Sat. Nov 23rd, 2024

По 11 пат „По патеките на Мис Стон“

Општина Василево ќе го поддржи одржувањето на планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“,  кој го организира ЗПСК „Маратон“, од Струмица, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба што ја имаше со претседателот на ЗПСК„Маратон“, Ѓорги К`рмзов.

Според Програмата на организаторто маршот ќе се одржи на 29.05.2022 година (недела). Сите заинтересирани учесници во 07,30 часот треба да бидат на брана Турија, од каде што организирано се тргнува кон с. Нивичино. Се пешачи по следната маршута; брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Пристигнувањето во Нивичино е планирано за околу 12,00 часот.  За во 14,00 часот планирано е доделување на благодарници за учесниците, по што во 14,30 започнува враќањето кон брана Турија.

За сите учеснници организаторот подготвува заеднички ручек. Учесниците неопходно е со себе да понесат прибор за јадење и вода за пиење.

Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 07 до 77 години.

Заинтересираните за овој планинарски марш, неопходно е своето учество да најават на телефонскиот број 071 253 203 најдоцна до 26.05.2022 година.

Планинарскиот марш По патеките на  Мис Стон е традиционален и годинава се одржува по 11-ти пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *