Маршрутата и годинава почнува пред споменикот „Македонија” во Струмица, подигнат во чест на Трајковски. Маршутата завршува во Скопје до гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје, каде ќе се приклучат на одбележувањето на годишнината од смртта.
-И годинава ја продолжуваме традицијата и се надевам дека секоја година ќе го орджуваме овој традиционален марш за идните генерации да се сеќаваат на Борис Трајковски, човек кој имаше големо срце и многу ја сакаше Македонија, рече Никола Ристов од ПАОК „Ентузијаст„ од Струмица.