• Fri. Nov 22nd, 2024

План за ковид-пасоши

Европскаѕа комисија има план за ковид-пасоши. Европската комисија во март ќе претстави предлог за дигитални пасоши за вакцинација против Ковид-19. Тоа може да биде еден од условите за слободно патување низ Европската Унија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Што се однесува до тоа како може да изгледаат дигиталните „зелени“ пасоши, ќе размислиме. Ќе претставиме предлог-закон како би можел да изгледа”, рече Фон дер Лајен за време на видеоповик со германските конзервативни пратеници.

Лидерите на Европската Унија во петокот го поддржаа воведувањето дигитални сертификати за влез во земјите членки и отворањето на општеството по пандемијата.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *