Учениците од кочанските основни училишта дружеа со писателот Киро Донев, по повод Меѓународниот ден на литературата за деца, втори април. Се читаа делата на Киро Донев, се споделуваа најразлични мислења за тајните на книгата, но и многу смеа, Впрочем, така е на сите средби со Донев, кој е и најпознат по својот суптилен, умесен, поттикнувачки хумор во литературата што ја создава. Вели за децата секогаш мора да се даде најдоброто од себе, без разлика дали им приоѓате како наставник, пријател или како автор.
Ликот на Киро Донев им го доближуваше и професорката на филолошкиот факултет Гоце Делчев, др Ана Витанова-Рингачева. За неа е радост што македонската литература може да се пофали со име какво што е Киро Донев.
Настанот го организираше општинската библиотеката Искра од Кочани.