Писателот Киро Донев неодамна доби посебно признание од Општина Босоилово, во чест на Денот на Општината. Денеска специјално во канал ВИС ја донесе плакетата и позборувавме колку се важни општествените награди покрај книжевните.
Донев вели дека е почестен и радосен што Општината го цени неговиот општествен и книжевен влог, но, смета дека над сите признанија се детските насмевки што ги мами додека ги читаат неговите песнички и раскази.