Младите пијанистки, сестрите Мазнејкови од Струмица во саботата одржаа електроакустичен концерт за деца во Музејот на македонската борба во Скопје. Талентираните девојки, средношколката Ивана и Ана која е основно училиште, изведоа 16 композиции во два циклуса од македонската композиторка Ана Пандевска.
Овие композиции се дел од проектот „Во светот на чудата“ а сестрите Мазнејкови вториот дел од композициите го изведоа за првпат пред македонската публика.