Петтиот пакет мерки во завршна фаза, но никако да стигне до стопанството и граѓаните. Откако власта се сретна со стопанските комори, во понеделник седнува на иста маса и со синдикатите. Тие апелираат Владата да не се правда само со разговори, туку сето тоа да се преточи во дела. Синдикалецот Марјан Ристески очекува газдите да се вразумат, и откако ќе ја добијат државната помош за исплата на плати веднаш да им ја префрлат на работниците. На денешната средба ќе се зборува и недела како неработен ден. Односно секој кој ќе работи во недела да добива за 50% повисока дневница и слободен ден. Колку тоа ќе стане реалност кај нас, останува да видиме.Премиерот Заев седна на маса и со социјалните партнери за насоките во петтиот пакет мерки.
Дека мерките доцнат, критикуваше и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Рече дека тие нема да бидат доволни за пристоен развој на економијата, и да не бил притисокот на опозицијата, немало да биде прифатена мерката за субвенционирање на плати.
Според бизнисмените, мерките мора да се насочени кон малите и средните компании зашто тие се најпогодени. Апелираат власта да побрза со носењето на државната помош, зашто кризата добива на динамика.Развивањето на економијата беше главен приоритет и во претходните макети со мерки.