• Thu. Nov 21st, 2024

Петта трибина на Елеуса Фондација „Вистинското лице на родот“

Четворицата говорници на трибината насловена „Вистинското лице на родот“ цели два часа дебатираа зошто не треба да се донесе Законот за родова еднаквост. Епископот Јаков смета дека намерите на, како што ги нарече, родовите идолози не се чесни и наивни и затоа треба да се спречи носењето на овој закон.

Поранешната пратеничка, Лилјана Поповска, специјално дојде во Струмица да сподели искуства од нејзиниот тридецениски активизам за правата на жените. Таа вели дека целосно се манипулира со терминологијата и дека терминот род што сега е застапен, не се перципирал исто во минатото. За неа, ова е обид за закон, и ќе биде на најголема штета на жените и на мажите.

Доктор Петар Марков, пак, се задржа на медицинските импликации од примањето на хормонски терапии или хирушки интервенции, на кои во светот се изложуваат малолетни лица и порача дека законот не смее да ги опфаќа малолетниците, бидејќи последиците не само што се сериозни и штетни по здравјето, тие се и неетички од медицински аспект.

Ова е петта трибина во организација на Елеуса Фондација.