Општина Василево добила петпати повисока сметка за електрична енергија. Ако до пред осум месеци оваа мала рурална општина плаќала околу 200 илјади денари месечно за електрична енергија, сега сметката за струја и е неколкукратно сголемена.
Градоначалникот Славе Андонов за канал ВИС изјави дека пред неколку денови ја добиле новата сметка која изнесува еден милион денари или околу 20 илјади евра само за еден месец.
Општините апелираат државата да преземе мерки и да најде начин да помогне за претстојната зима бидејќи тие не можат сами да сервизираат вакви расходи.