Петок и понеделник неработни денови. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 30 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, пак, е неработен ден за сите граѓани.
извор: Макфакс