На 24.11.2021 во 05.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија во приколка од товарно возило со српски регистарски ознаки, кое било паркирано на бензинска пумпа во близина на граничен премин Богородица, пронашле пет лица мигранти од Сирија, на возраст помеѓу 20 и 30 години, информираат од СВР Струмица.
Мигрантите се предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.