„Петар Пан“ ќе долета во Струмица на 18 јуни На 18 ти јуни во просториите на центарот за култура Антон Панов ќе долета Ѕвончица заедно со Петар Пан, капетанот Кука, Венди, индијанци, пирати.
Вистински начин за крај на оваа учебна година, како и за уживање на најмладите. Ѕвончица со својот волшебен глас заедно со Петар Пан ќе долетаат на 18 јуни во просториите на НКУЦ „Антон Панов“ во Струмица.
Вистиснки начин да се одбележи крајот на ова училшна година со омилениот лик од романот на Џејмс Метју Бари, таткото на „вечните“ деца и на сите оние што не сакаат да пораснат. Претсавата ќе биде во режија на Ирена Лозинска.