Стотици граѓани и диксусија што траеше околу пет часа. Силен интерес за јавната дебата на Законот за родова еднаквост во Струмица. Лекари, правници, актери, активисти, граѓани, поставуваа прашања за нејаснотиите и спорните моменти што според нив ги содржи текстот на предлог-законот, но и импликациите што ќе ги има неговото спроведување.
Министерката за труд и социјална политика вели дека законот е во работна верзија и забелешките од јавните дебати ќе се вметнат во конечната верзија. Вели дека на дебатата ќе се објасни зошто законот е важен.
Викарниот епископ Стобиски, господин Јаков пак, смета дека токму формирањето на Секретаријат е еден од најспорните моменти.
Реакциите на присутните беа и дека на енер системот се уште стои старата везрија на законот, а новата на сајтот на МТСП е прикачен пред само еден ден.