• Fri. Nov 22nd, 2024

Перовиќ: Новинарството ја промени суштината на документарниот филм

Новинарството и трендовите на западните режисери, особено американските, суштински го променија документарниот филм, говореше во своето предавање пред струмичката публика режисерот и универзитетски професор, Владимир Перовиќ.

Овој наградуван црногорски автор смета дека документаристиката што се емитува на телевизија, иако е фантастична, со одлично виедо и звук, треба да се нарекува документ-филм, затоа што е слепо верна на фактите. Додека документарците кои авторите ги минуваат низ сопствениот „филтер“ односно видување, треба да се нарекуваат креативни документарци, затоа што тие слепо не ја следат реалноста.

Предавањето Перовиќ го одржа во склоп на годинешното 17 издание на Астерфест, на кое ја имаше и улогата на член на жирито кое ги оценуваше најуспешните филмски остварувања на авторите-учесници на фестивалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *