Пензионери имаа велосипедска тура во Гевгелија. Денеска, Здружението на пензионери од Гевгелија по вторпат го организираше рекреативното возење за своите членови „Пензионерите на велосипед“.
На овој спортско-рекреативен настан учествуваа педесеттина пензионери од општина Гевгелија. Возеа од Гевгелија до Негорски Бањи и назад. Како што истакна претседателот на Здружението на пензионри, Велин Стојменов, на ова рекреативно возење пензионерите-велосипедисти беа придружувани од полициско возило и возило на Брзата помош.
– После сите проблеми создадени од пандемијата на Корона вирусот, пензионерите да поминаа извесно време во природа, на чист воздух, воедно рекреирајќи се.