• Fri. Nov 22nd, 2024

Пензииите од март ќе се покачат за 8.4%

Пензииите од март ќе се покачат за 8.4%. Вака најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа викендов имаше повеќе средби со граѓани во Струмица.

На вчерашниот тримерски ручек што го организираше Здружението на пензионери од Струмица, таа им посака повеќе пари на сметките. Како што рече министерката ова е начин државата да им се оддолжи на граѓаните кои работеле и ја граделе земјата.

Тренчевска пред пензионерите рече дека Владата ќе работи и во наредниот период за да има пари за повисоки пензии за оваа категорија граѓани.

Пензионерите во 2023 година влегоа со повисоки пензии за околу 10%. Ова е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година.

Средби на премиерот и министерката со Сојуз на пензионери

Како што најавија министерката и премиерот следува ново усогласување на пензиите за два месеца во оваа нова 2023 година, во месец март, според трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%. И тоа календарска, неизборна година.

Оваа методологија, која ја утврдивме заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери, работена според швајцарскиот модел, дава резултати на долг рок.

Усогласувањето, според оваа методологија се врши два пати во годината, односно во март и во септември и ги следи промените во двата индекса за усогласување.

На овој начин осигуравме заштита на пензионерите во осцилациите на трошоците за живот и ги поврзавме покачувањето на пензиите со покачувањата на просечната плата”, рече премиерот Ковачевски.

Целата изјава на министерката Тренчевска на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *