• Fri. Nov 22nd, 2024

Пендаровски во посета на Украина по повод 30-годишнината од независноста

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.

Утре Пендаровски ќе присуствува на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина кој ќе се одржи на плоштадот на независноста во Киев и на кој ќе се обрати претседателот Володимир Зеленски, по што ќе следи и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во рамки на работната посета, претседателот Стево Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а на маргините на посетата, предвидена е и средба и со Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

На прославата на 30-годишнината од независноста на Украина, којашто се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“, е предвидено присуство на повеќе од четириесетина делегации од земји и меѓународни организации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *