Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во Приштина, на официјална церемонија со државни и воени почести беше пречекан од претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, со што започна неговата официјална посета на Република Косово.
Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Османи-Садриу, по што се одржа и пленарен состанок на македонската и косовската делегација.