• Fri. Nov 22nd, 2024

Пендаровски се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон

средба со борис

Претседателот Стево Пендаровски во Мадрид на самитот на НАТО оствари кратка средба со британскиот премиер Борис Џонсон.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и безбедносните предизвици поврзани со руската инвазија на Украина.

Во однос на билатералните релации, соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи, кои ги карактеризираат заемно пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство.

Претседателот посочи дека одбранбената соработка со Британија е динамична со постојана британска поддршка кон нашата Армија за градењето воени капацитети и интероперабилност со сојузниците во НАТО, а доказ за тоа е неодамнешната вежба, која се одржа на Криволак, а во која учествуваа 2.500 британски војници.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за британската посветеност за унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан.

извор: makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *