Македонскиот претседател Стево Пендаровски и бугарскиот претседаел Румен Радев заедно ќе го чествуваат денот на Свети Кирил и Методиј во Рим. Според најавите, тие со авионот на бугарскиот претседател заедно ќе отпатуваат во Рим, каде на 26 мај е планирано македонската и бугарската делегација да ги започнат заедничките активности за прославата.
Според најавите, Радев прво треба да допатува во Скопје и по куса средба со македонскито претседател на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари ќе отпатуваат за Рим.
На 27 мај Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј. Двете делегации е планирано да имаат и одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско.
Црковната делегација на МПЦ-ОА на 24 мај, на Денот на сесловенските просветители, предводена од владиката Пимен, ќе замине за Рим, каде ќе чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил во чест насесловенските просветители.