• Fri. Nov 22nd, 2024

„Пчелите ќе умрат“ премиерно изведена пред струмичката публика

Преку три интервјуа на научници се отворија теми за иднината на човештвото и планетата, за моралот и начинот на живот на современиот човек, за етиката на научниците. Интервјуата на тројцата актери со невидливте интервјуирачи ги внесоа присутните во глобалните проблеми и предизвици за кои ретко отворено се разговара.

Оваа претстава е во коподукција на театарот „Антон Панов“ и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Идејата е да се престтави на повеќе фестивали во регионот.

Претставата во следните седмици ќе биде на репертоарот на струмичкиот театар.