• Fri. Nov 22nd, 2024

„Пчелите ќе умрат“-нова претстава на струмичкиот театар

Во недела струмичкиот театар „Антон Панов“ премиерно ќе ја одигра претставата „Пчелите ќе умрат“ според текстот на руско-полскиот драмски писател Иван Вирипаев, во режија на Драгана Таневска.

Во претставата играат актерките Ангелина Тренчева – Ангелова, Танкица Стојанова и актерот Игор Тодоров. Оваа претстава е работена во копродукција со Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Целта на соработката е да се искористи мрежата на Нета и претставата да може да посети повеќе фестивали и театри во регионот и Европа.

Претставата е препорачана за лица над 16 годишна возраст, а премиерата е закажана од 20 часот.