• Fri. Nov 22nd, 2024

Пчеларите се жалат на угинување на пчелни семејства

Силни пчелни семејства не ја презимија зимата. Пчеларите се жалат на угинување на пчелите, а ветеринарите велат дека причините се најразлични. Според нив, често се случува зимата да го десеткува бројот на пчели.

Од друга страна, шеќерните адитиви во медот се главен непријател кој го уништува квалитетот на медот. Трката за брзи пари и заработка ги мотивира некои луѓе под етикетата вистински, да продаваат нискоквалитетен мед. Затоа потрошувачите мора да бидат внимателни.

Медот денес се повеќе се користи како лек, отколку како храна. Во Македонија сепак и покрај доброто производство малку се троши. Според податоците трошиме само 700 грама годишно по глава на жител, за разлика од Германија која троши девет килограми или Јапонија 16 килограми по глава на жител. Затоа, пчеларите неминовно е да го смениме однесувањето и да го прифатиме медот како значаен животен продукт во исхраната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *