Струмичкиот театар се подготвува за нова премиера. Станува збор за комедијата „Паника во Палас“ од Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски.
Ангеловски за претставата вели: – „Паника во Палас“ е неизведувано дело во Македонија на Енглескиот велемајстор на современата комедија Реј Куни. Имав задоволство и чест повеќето од комедиите на Куни да ги преведам и поставам во неколку Македонски театри и секогаш тоа биле најгледаните претстави..( “ Не сега драга’ во Драмски со преку 250 изведби, “ Од кол на кол“ во Прилепскиот театар, со 130 репризи што е апсолутен рекорд на театарот, во Куманово, комедијата “ Па не баш..“ во Домот на армијата “ Фани Мани“ со сто одиграни репризи.. театарот Комедија…)
Неговите текстови претставуваат радост и за луѓето што ги работат и за публиката која ги гледа.
По конструкција „ Паника во Палас“ не се разликува од другите комедии на Реј Куни, тоа е типична комедија на ситуации, со неочекувани престврти, со убаво напишани карактери, и многу духовити реплики.
Дејствието се случува во еден луксузен апартман, на велелепниот хотел
„ Палас“, каде министерот на актуелната влада, наместо да присуствува на седница во собранието, каде се одлучува за опстанокот премиерот, а со тоа и на самата влада, има закажано, во најголема дискреција, љубовен состанок со порт паролката на председателот, преубава жена, нормално мажена. И кога се треба да се одвива во романтична и секси атмосвера, се случува….Е што ќе се случи, треба да дојдете и да ја погледате оваа урнебесна комедија. Нема да ви боде жал!
Секоја сличност со некој наши влади е намерна, но не е злонамерна“, дополнува Ангеловски.