Само четири гола беа постигнати на денешните четири натпревари во 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. На две средби мрежите мируваа, во Струмица еден погодок го одлучи победникот, додека Победа го изненади Силекс среде Кратово.
Резултати:
Академија Пандев – Шкупи 0:1
Скопје – Работнички 0:0
Шкендија – Брегалница 0:0
Силекс – Победа 0:3.
Вчера, Тиквеш – Македонија ЃП 4:0.
Слободна во ова коло беше екипата на Струга ТЛ.
Табела: Струга 25 бода, Шкендија 16, Тиквеш 16, Шкупи 15, Силекс 15, Брегалница 12, Работнички 11, Македонија ЃП 9, Академија Пандев 7, Победа 7 и Скопје 5.