На граничните премини падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.
Од МВР велат дека се прават напори системот да се врати во функција во најбрз рок. Досега немаше проблем на граничниот премин Ново Село. Од утрово нормално функционираше протокот на патници и возила на преминот на македонско-бугарската граница.