• Sun. Nov 24th, 2024

Пад на бројот на нови случаи со ковид-19

Пад на бројот на нови случаи со ковид-19 во минатата недела за 8,7 отсто, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според неделниот пресек на ИЈЗ, регистрирани се 3.477 позитивни наоди во периодот од 8 до 14 август од направени 7.682 теста.

Процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4 или просечно 43,6 отсто. Најголем дел од случаите се регистрирани во Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, во Неготино и во Охрид.

Регистрирани се нови случаи во сите возрасни групи, најмногу кај лицата над 60 години, а најмал кај младите од 10 до 19 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.750 лица, 16,9 отсто помалку во споредба со претходните седум дена. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување од 10,8 проценти.

Пријавени се 16 смртни случаи, идентично како и минатата седмица. Сите се починати во болнички услови, а кај 15 се регистрирани коморбидитети.

Во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 лица, а моментно во болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Од нив 55 добиваат кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 14 август, во земјава се пријавени вкупно 335.451 случаи на ковид-19. Досега оздравеле 322.468, а починале 9.424 лица. Бројот на активни случаи во моментот изнесува 3.559. Досега се направени вкупно 2.136.393 милиони тестови за ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *