• Sat. Nov 23rd, 2024

Oд денеска поевтинува роамингот со Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово

Врз основа на регионалниот договор, потпишан од страна на земјите од Западен Балкан, стапи на сила обврската за намалување на цените за роаминг за 27 отсто.

Почнувајќи од денеска па до 30 јуни 2021 година, се предвидува постепено намалување на цените на роаминг во неколку фази со цел на 1 јули за две години да биде целосно укинат роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, односно корисниците за роаминг-услуги да плаќаат под истите услови што се применуваат во домашниот телефонски сообраќај.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април, на вториот Дигитален самит во Белград, меѓу земјите од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија, Албанија и Косово).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *