Почнува новиот ИПА 3 програмски период во спроведувањето на програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Стартот се одбележа денеска во Струмица, а присутни беа официјални претставници на двете земји. Според министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, соработката со соседните земји најдобро се реализира со поректите од прекугранична соработка.
И бугарската заменик министерка за локална самоуправа Десислава Георгиева смета дека оваа програма е одлична можност да се реализираат проекти што се важни за заедниците.
Новата програма за прекугранична соработка со Бугарија ќе изнесува 30 милиони евра.