На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е отворен Новогодишниот базар 2022. Во осум дрвени куќички се продаваат рачно изработени новогодишни украси, уметнички дела, колачи, сендвичи, кафе и пијалоци.
-Новогодишниот базар е иницијатива на Здружението Базар Струмица, на кое му ја дадов мојата максимална поддршка, како што впрочем ја давам и ќе ја давам на сите иницијативи од граѓаните и бизнис секторот за нови и интересни содржини во нашата Струмица. Новогодишниот базар кој ќе има и богата забавна програма за најмалите, ќе биде отворен до 8 јануари следната година, напиша градоначалникот Костадин Костадинов на својот ФБ профил.