• Sat. Nov 23rd, 2024

МЗШВ: Тутунот достигна рекордна просечна цена од 285 денари за килограм

ByВане Трајков

Dec 15, 2022

Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 285 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40% во однос на минатогодишната. Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија.

За годинешната реколта откуп вршат вкупно 10 регистрирани откупни претпријатија на 200 откупни пунктови со 223 ваги и 216 мостри тутун. До сега се откупени 16.5 милиони килограми од вкупно произведени 25.850 тони.  Според информациите од ДИЗ, се очекува откупот да биде целосно завршен пред Нова Година, со што за прв пат во историјата сите тутунопроизводители на своите сметки ќе ги добијат парите пред новогодишните празници.

Аналогно на рекордно високата откупна цена која заборува за квалитетен тутун од годинешната реколта, тоа значи дека и субвенциите по класи ќе бидат најголеми до сега.

Склучени се вкупно 29.653 договори за производство и откуп на тутун што претставува зголемување од 7 % во однос на реколта 2021 година. Зголемување имаме и на површините со тутун за 14% повеќе споредено со лани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *