• Fri. Nov 22nd, 2024

Отец Симеон: Честа од Вселенскиот патријарх не е лична, туку на целата Македонска црква

На Цветници, македонска црковна делегација предводена од викарниот епископ Стобиски господин Јаков го посети островот Имврос во Турција. Таму, неколку македонски свештеници меѓу кои и отец Симеон Кантурски од Струмичката епархија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј.

Отец Симеон беше удостоен со чинот презвитер на вселенскиот патријаршиски трон. За оваа чест, тој во интервју за канал ВИС рече дека не е лична туку колективна, на целата македонска црква.

Она што се случи на празникот Цветници, на островот Имврос, родното место на неговата сесветост, патријархот Вартоломеј, не е толку лична чест колку што е чест на самата наша црква. Затоа што тоа е доказ дека ние сме жива црква, дека заедничариме со сите помесни православни цркви, и како што рече и самиот епископ Јаков, тоа е чест и доказ за живото свештенство на нашата Македонска православна црква на сите генерации: и тие што биле пред нас, и ние, и тие што доаѓаат. Во тој дух и во таа димензија треба да биде разберена честа што ни е доделена нам како Македонска православна црква.