Осумдесетина деца низ песна ќе го најват Христовото раѓање на градскиот плоштад во Струмица. По вторпат ќе се одржи Бандикарски концерт во организација на Фондација Елеуса, Струмичката Епархија и Школата за веронаука при храмот „Свети Кирил и Методиј“.
Младиот Лука Митев втора година е дел од концертот. Вели дека идејата е тој постојано да расте. И со број на изведувачи и со композиции. Годинава има и поголем оркестар, главно ученици од основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица.