• Fri. Nov 22nd, 2024

Османи во посета на Луксембург

Османи во посета на Луксембург. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, почетокот работната посета на Луксембург ја започна со средби со претседателот на Собранието, Фернанд Етген. И со претседателот на комисијата за надворешни работи во Собранието на Луксембург, Кручтен Ивес. Истовремено, Османи имаше и настап пред претставниците на Собранието. Исто и пред на Комисијата за надворешни и европски прашања, соработка, миграции и азил.

На средбите беше потврдена конзистентната и силна поддршка на Луксембург во полза на европската перспектива на Северна Македонија. Преку континуирана поддршка на реформските процеси.

„Вложивме многу во овој процес, што нѐ прави, како земја, подготвени за преговорите по поглавја. Понатаму за целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда. Луксембург е еден од најважните и постојани поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ. Ние високо ја цениме силната и гласна поддршка што доаѓа од кај вас, на сите нивоа “, истакна Османи.

Соговорниците разменија мислења и за сојузништвото во НАТО. Стана збор за актуелните домашни, регионални и меѓународни теми. Исто и за ангажманите и заложбите на нашата држава за обезбедување стабилност и сигурна иднина на нашиот Регион. Во тој контекст, беа поздравени впечатливите активности на Северна Македонија на планот на унапредувањето на добрососедските односи.

Во продолжение на еднодневната работна посета на Луксембург, Османи ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни и европски работи и министер за имиграција и азил на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн.

Османи и на посетата во Унгарија во декември минатата година, порача дека потребна е поддршката за старт на преговорите со ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *