• Sat. Nov 23rd, 2024

Османи: Северна Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Солун, Грција учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Министерскиот состанок за надворешни работи се одржа во рамките на завршните состаноци на грчкото претседавањето со ПСЈИЕ под мотото „Зајакнување на синергиите на Југоисточна Европа“. Во фокусот на разговорите беше регионалната соработка во светло на растечката нестабилност и негативните влијанија од Руската агресија врз Украина.

Истовремено беа разменети мислења за Европската перспектива на регионот, важноста да се приоретизира енергетската безбедност, напорите за интензивирање на соработката за справување со безбедносните прашања, како и унапредувањето на зелениот договор и адресирањето на климатските промени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *