Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77. Генерално собрание на ОН се сретна со министерот за надворешни работи на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман Хусеин ал-Сафади.
Соговорниците изразија задоволство од развојот на билатералните односи потенцирајќи ја важноста од натамошно унапредување на соработката во рамките на меѓународните организации и институции. Фокус на разговорот беше претстојната медитеранска конференција на ОБСЕ, што Северна Македонија, како иден претседавач со Организацијата, одлучи да ја организира во Јордан. Подготовките за конференцијата се во тек, а соговорниците изразија задоволство за можноста заеднички да придонесат кон зајакнување на врските меѓу ОБСЕ и земјите партнери од Медитеранот.
Министерот Османи упати благодарност кон Ал-Садафи за подготвителните активности за коорганизирање на медитеранската конференцијам која ќе се одржи кон крајот на октомври во Јордан.
Соговорниците изразија уверување дека конференцијата ќе биде заеднички успех за двете земји и дека ќе ја зголеми перспективата за заемна билатерална соработка во иднина.
На средбата стана збор и за соодветните регионалните состојби и предизвици, при што беше изразен интерес за зајакнување на соработката меѓу двата региониа во областите од заеднички интерес.