Османи на видео средба со Силва. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на негово барање, оствари видеосредба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.
Покрај билатералните односи, Османи на видео средба со Силва беше и европското досие на Република Северна Македонија. Особено можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година.
Министерот Османи ги поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската Унија за европската агенда на Република Северна Македонија и Западен Балкан.
Првиот македонски дипломат минатата седмица го посети Луксембург.