• Sat. Nov 23rd, 2024

Османи на министерски состанок на ОН за мировни операции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции, што ќе се одржи виртуелно, во организација на министерот за надворешни работи на Република Кореја, Чунг Еуи-јонг и министерот за национална одбрана, Су Вок, заедно со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Како што соопшти МНР,  Османи ќе се обрати на првата сесија „Одржување на мирот”, на која ќе бидат разменети мислења за соработката во делот на мировните операции во рамки на ОН, како и за превентивната дипломатија како основа за градење на мирот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *